Осамна минарето на Али Пашината џамија во Охрид, која неофицијално, ќе биде свечено отворена на празникот Рамазан Бајрам.
Изградбата на минарет се вршеше без соодветна документација и одобрение за градба, и покрај бројните реакции на јавноста.
Од првичните најави, единствено отстапува висината на минарето, кое наместо 32 метри, е неколку метри пониско.
Од здружението на граѓани „Совест“ кое беше најгласно во барањата да се почитува законот и да се преземат мерки за стопирање на, како што потенцираа, нелегалната градба, велат дека се чувствуваат изиграно и разочарано.
Извор OhridNews





