Откриениот албански разузнавач е се уште во Македонија

Еден од агентите на албанската тајна служба ШИШ чии име и детални лични податоци беа по грешка објавени пред две недели е се уште во Македонија.



И покрај тоа што македонските власти дознаа дека тој е резидент на албанската тајна служба ШИШ не го повлекува од земјава.

Предходно поради опасност за нивната лична безбедност голем дел од откриените разузнавачи беа повлечени од неколку земји во регионот.

Идентитетот на албанскиот разузнавач беше откриен на 4 декември кога во извештаите за платите на сите вработени во институциите албанското министерство за финансии на интернет ја разоткри мрежата тајни агенти на Албанија.

Повеќе детали за разоткриената агентурна мрежа на Албанија која го вознемири и НАТО каде е членка оваа земја во следниов текст:

Албанија по грешка ги објавила своите разузнавачи, имала и во Македонија