На граничниот премин Кијасо на швајцарско-италијанската граница цариниците во петокот попладне запреле камион со македонски регистарски таблички, а за време на проверката се покажало дека возачот скрил околу осум килограми марихуана во возилото и тој е уапсен.
Дрогата била скриена во конзолите и била откриена од кучиња дресирани за тоа, објави кантоналната полиција на Тичино.
Обвинителот отвори истрага против возачот, 36-годишен македонски државјанин, кој е во притвор.





