Еден мој добар пријател, поранешен министер во Владата на Република Македонија ми ја кажа неговата сторија за посетата на Глигоров на Бугарија во 1995 година, пишува лидерот на Гром Стевчо Јакимовски.
Целиот статус кој содржи детали од сеќавањата на настанот во продолжение:
Како што тој вели преспавме ноќта во вилата Бојана и целиот нареден ден преставник од министерството за Надворешни Работи на Бугарија и нашиот Амбасадор мислејќи дека имам големо влијание врз претседателот Глигоров ме убедуваа да влијаам да го потпише договорот за добрососедство.
Претежно тие зборуваа, а јас ги слушав, за да на крај им речам очигледно дека вие бугарите многу не сакате, ама Глигоров сепак насетил нешто што се крие задкулисно во договорот. Тој многу поискусен од мене во политиката и сигурно има зошто не сака да го потише договорот, а ние можеме да продолжиме да си се сакаме и без званичен документ.
Ете тоа е пријатели. Разликата помеѓу политичар по професија и ад хок политичар. Претседателот Глигоров беше политичар професионалец од АСНОМ па наваму.
Времето покажува дека малку работа на нива, чушки и френки, малку политика носат зијан за нацијата до коска.
Вчера пратеничката Рашела Мизрахи го разголи премиерот Заев целосно. Како што таа му рече нејзините роднини не се убиени со пенкало од бугарската администрација туку со нервен гас во Треблинка.
И што понатаму?
Невидено салто мортале, Заев сега вика дека Бугарите не биле администратори туку окупатори и дека цела бугарска нација не можеме да ја правиме фашисти туку тогашната администрација. И натаму си заглавува во небулозите тврдејки дека Крива Паланка, Куманово и Скопје ги ослободила бугарската армија. Ако е така зошто градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски го тврди обратното и се оградува од Заевите историски откритија?
Тврдењето дека за целиот бугарски народ не може да кажеме дека се фашисти оти 1941 година немало референдум за да пристапат кон третиот рајх.
Браво бе Зоки! Ќе почнеме да те обожаваме.
Како зврши твојот референдум за пристапување кон НАТО пактот? Дали за договорот со Бугарија и неговите анекси ќе го прашаш на референдум народот? Би било добро нели!
Дека сега пак Бугарите се окупатори, а не администратори и крајната мешаница во познавањето на историјата не само од Заев туку и од многу интелектуалци во СДСМ е вистински доказ дека историјата не треба да се укине или минимизира од образованието затоа што ако оние кои изучувувале со полн фонд на часови покажуваат вакво незнаење што ќе биде со нашите деца кога ќе изучуваат само делови од истата. Заев е потврда за потребата од зголемување на фондот на часови од историја во образованието, а не намалување.
Чуден е мојот поранешен Социјал демократски сојуз, ем не ја разбираат историјата ем сакаат да ја укинуваат.
Ах таа чудесна Македонија





