Највисоките кругови на власта планираат и веќе спроведуваат полутајна операција со цел целосно да ги замрзнат сите предмети на јавното обвинителство во кои се гонат, (а за некои има и ПИ Мерки) луѓе блиски на Заев, Спасовски, Шеќеринска и други во врвот на власта.
Операцијата не е полутајна затоа што за неа знаат и во своите извештаи за деталите пишуваат и дел од странските амбасади во Скопје и регионот.
Операцијата нема формално име но имајќи предвид кои се иницијалите на луѓето од правосудството кои се употребени или злоупотребени во планот за спас на СДСМ пред изборите таа слободно може да се вика ,,ЈОВИЛСБЏИ” иако одговараат и имињата: “Неформални соработници на ЗЗ” или “Последните денови” .
Основната цел на операцијата во која се или допрва ќе бидат вклучени повеќе медиуми е во јавноста да исчезнат сите криминални стории поврзани со луѓето на Заев а да се туркаат предмети стари по најмалку 4 години кои се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ.
Во операцијата треба да се случат неколу поместувања во правосудни институции со цел Заев да преземе 100 проценти контрола на предметите и истрагите против неговите соработници и против членови или луѓе кои ја поддржуваат опозицијата. Сега Заев според извештаите има над 80 проценти контрола на правосудните инстанци.
Вице Заев, Трајче Заев, Ден Дончев, Лидија Димова, Драги Рашковски се само дел од луѓето за чии предмети во кои се работи за висока корупција и криминал со месеци нема никаква информација.
Причината не е во неможноста на професионалците во обвинителството да најдат материјал за кривични пријави или за обвинителни акти и предлози туку затоа што наредбата за молк за предметите против гавазите на Заев доаѓа од Илинденска преку кабинетот на министерот за правда и неколку кабинети во обвинителството, судството и бизнисмени-неплаќачи на данок.
Најсвеж пример за ваквиот пристап и како точно функционира системот на Заев е случајот со командантот на елитната полициска единица Тигар во кој министерот Спасовски и Митко Даневски цели седум дена ниту демантираат ниту потврдуваат дека човекот при чие бегство беа поврдени тројца полицајци е прв човек на специјална единица и брат на висок функционер близок на кланот Заеви.
За сето ова време обвинителството не излегува со никаква информација иако се работи за неколку тешки кривични дела.
А доволно е само да го проверат системот за видео надзор на Скопје “Сејф Сити” (Safe city) и да го идентификуваат возилото, возачот, и сопатничката.
Тоа покажува дека покрај институциите во МВР во планот на врвот на СДСМ се инволвирани луѓе од обвинителството кои се обидуваат да ја намалат штетата врз Заев и неговите пајташи пред локалните избори во надеж дека тој ќе опстане а тие ќе продолжат да ги користат бенефитите што ги имаат од политичко-мафијашката структура што ја владее Македонија.
За жал на тие обвинители, судии, адвокати, вработени во влада и министерства веќе се знае за нивната улога во операцијата на Заев, за наградите што ги добиваат и за работите со кои се уценуваат.
Со тоа тие во иднина нема да можат да кажат дека не знаеле што се случува, дека биле неинфимирани или манипулирани.
Од нив зависи каде ќе завршат, фигуративно кажано, меѓу толпата на некој од двата македонски аеродроми или на страна на правдата.
Одлуката е нивна како што е моја одлуката и покрај заканите со кои се соочувам да продолжам да ги откривам сите имиња, предмети и процеси кои ја урнисуваат Македонија.
Ќе ми биде биде жал за нивните фамилии, сопруги, сопрузи, деца, за траумите што ќе ги минуваат додека читаат, гледаат, слушаат што прават нивните татковци и мајки но одговорноста не е кај мене и сличните на мене туку кај тие што го уриваат законот и ги штитат Вице Н, Трајче, Ден, Драги и врховниот командант ЗЗ.
П.С.
Тие што деновиве уживаа во информациите дека ТВ Алфа нема плата се или идиоти или нелуѓе.
Јасно е зошто се нелуѓе, нема друго име кога се ситиш дека некој од 150 соработници на ТВ Алфа три месеци нема здравствено осигурување, да купи лекови, без пари да го плати кредитот, да оди на одмор или да купи леб за децата.
Притоа најголем дел од овие луѓе немааат никаква врска со политичка партија или политика туку се професионалци.
Сеирџиите се идиоти се затоа што мислат дека борбата против катастрофалната банда што ја владее Македонија зависи од некаква плата, хонорар, кола, тендер или 30 илјади денари.
Да беа парите и функциите во прашање јасно е дека одамна немаше да бидам тука, во Македонија.
Поврзана колумна
Кој го саботира случајот Вице Н. и рекетот во РЕК Битола? – пишува Горан Момироски






