Пратеникот од „Има таков народ“, Станислав Балабанов, во студиото во БТВ по распадот на владината коалиција прикажа белешка напишана Кирил Петков за тоа како да се укине ветото за Македонија за почеток на преговорите со ЕУ.
Белешка ја напишал самиот Петков на лист од службените тефтери на Советот на министри во возот за Киев пред средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, рече пратеникот.
„Подготвен сум да се подложам на детектор за лаги за оваа белешка, а во Бугарија има добри стручњаци за графологија кои можат да докажат дека овој фонт е ракопис на премиерот“, рече Балабанов.
Тој рече дека планот на Петков бил да го укине ветото, а потоа Македонија да ги исполни бугарските барања под гаранција на Франција, пренесе Фактор.







