Откриен огромен скандал: Суд со лаги брани соработник на Заев од притвор

Неверојатен скандал во кој Скопскиот основен суд лаже за преземени мерки против еден од најблиските соработници на премиерот Заев за кого обвинителството бараше мерка ефективен притвор.



Основниот кривичен суд Скопје неодамна соопшти дека нема никаква забрана за комуникација за Драги Рашковски додека е во домашен притвор, па затоа барањето на обвинителството да биде вратен во притвор беше прогласено за неосновано.

“На интернет страницата на Апелацискиот суд Скопје е објавено дека на 4 јуни, кога била сменета мерката притвор во домашен притвор, судот одредил строга забрана за комуникација со други осомничени од случајот”, открива мкд.мк.

Кривичниот суд вели дека нема таква забрана, па затоа кривичниот совет смета дека барањето на обвинителството е неосновано. „Мерката за обезбедување присуство – куќен притвор за осомничениот Д.Р. продолжена со решение на Кривичниот суд, а потврдeна од Апелацискиот суд, опстојува без дополнителна мерка за претпазливост – забрана за комуникација со лица опфатени со кривично правниот настан или забрана за употреба на средства за комуникација.

Предлогот на јавниот обвинител за замена на мерката куќен притвор во ефективен притвор е поднесен заради непочитување на конкретната мерка за претпазливост кој во критичниот период воопшто не опстојува”, соопшти судот.

Но, Апелацискиот суд од пред неколку дена го објави и решението: „Се забранува на осомничениот Драги Рашковски да комуницира со лицата опфатени со кривично правниот настан, како и да употребува средства за комуникација“. Рашковски од 4 јуни е во куќен притвор, пишува Александар Дамовски.

Обвинителството за организиран криминал и корупција на 22 јули побарало притвор за Рашковски откако веројатно добило податоци дека зборувал со еден од осомничените во случајот со нелегалната набавка на софтвер.

Во овој случај Рашковски како генерален секретар на Владата набавил софтвер за кој има сомневања дека всушност бил негова иновација.

Извор