Откриен непознат детал кој може(л) да ја реши последната македонска криза

Седум години откако се случуваа настаните кои предходеа на смената на власта во 2017 година откриен е досега непознат детал кој може(Л) да ја реши последната македонска криза.



Човек што бил инволвиран во носењето на одлука која можела од темел да ги смени политичките односи открива дека пред седум години немало расположение за носење одлука која можела да ја намали тензијата во македонската политика и да ги спречи драматичните ситуации, политички одлуки и промени на уставот и законите во Македонија.

Екс вицепремиерот и амбасадор на Македонија кој бил советник на претседателот Иванов во времето кога ја носел одлуката за аболиција во емисијата Заспиј ако можеш открива детали за досега непознатиот дел од целиот предложен пакет кој можел да ја смени историјата.

Боцевски во емисијата со Горан Момироски и Драган Милосављевиќ открива дека покрај аболицијата во игра бил и предлог со кој сите аболицирани од Иванов во иднина ќе го загубеле правото да учествуваат во политичките процеси.

Боцевски го открива овој досега непознат детал откако власта на СДСМ со измените на Кривичниот законик практично го спроведува планот на Иванов со аболиција да ги намали тензиите во македонското општество со цел надминување на кризата.

Делот од емисијата каде Боцевски зборува за за овој малку познат дел од македонската модерна историја по околу 35 минути час од ова издание на Заспиј ако можеш: