На социјалните мрежи се појави документ кој индицира кој е човекот кој незаконски му дал дозвола за паркинг на локации под контрола на град Скопје на вицепремиерот за политички систем Артан Груби.
Според документот објавен на Твитер се работи за Владимир Кроновски, долгогодишен раководител во Градски паркинг и општински советник во Демократскиот сојуз.
Предходно опозицијата обвини дека надвор од законот вицепремиерот Груби добил право за бесплатен паркинг под ,,кодно име” Агим.
Возилото со кое Груби можел бесплатно да се паркира не е на списокот на државни возила кои имале законски право на бесплатен паркинг.
Кроновски е директор на Градски паркинг на град Скопје од 2007 година.
Првите 10 години бил раководител на јавните паркиралишта од пред две е години помошник директор на скопското јавно претпријатие.
првата вест: Владимир Кроновски е човекот кој дозволил бесплатно паркирање на Агим
–
возилото со тие рег табли не е во регистарот на службени возила pic.twitter.com/zlCP0rTMX1— Демир (@Trollowsky) February 1, 2022





