Откриен грандиозниот споменик на Стефан Немања во Белград

На плоштадот „Свети Сава“ во Белград вечерва е откриен споменикот на основачот на средновековната српска држава Стефан Немања.



Споменикот е висок 23,5 метри над и 5 м под земја, а тежок 80 тони.

Големиот жупан е поставен врз жезло со фрагменти на византиски шлем, чија внатрешност е украсена со мозаици што претставуваат делови од животот на владетелот.

Платото околу споменикот е поплочено со камени коцки стари над сто години, кои се пронајдени за време на градежните работи околу плоштадот.

На свеченоста присуствуваа српскиот државен врв, на чело со претседателот Александар Вучиќ, илјадници граѓани и гости од странство, меѓу кои и лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија и пратеник Иван Стоилковиќ.