Откри ли министерката Шекеринска тајни документи на АРМ?

Воен експерт открива дека министерката за одбрана Радмила Шекеринска го прекршила безбедносниот протокол на членка на НАТО со објавување воени мапи на АРМ на социјални мрежи.



„Не е дозволено фотографирање во безбедносна зона и јавно објавување на Зона на одговорност од класифицирани планови на НАТО армија. АРМ е сериозна институција, а законите важат од прв до последен и во вонредна состојба. Или за г-ѓа Шекеринска не важат“, прашува Драган Ковачки, кого опозицијата го предложи, а СДСМ го одби за технички министер поради неговото работно искуство во армијата.

На потег е Јавното обвинителство да утврди дали Шекеринска го прекршила безбедносниот протокол на АРМ и НАТО.