Дали во најновото издание на емисијата ,,Во центар” на Васко Ефтов индиректно се дава одговор на прашањата кој и зошто поднесол кривична пријава за новинарот на Алфа ТВ Горан Момироски.
Според пријавата која е поднесена на еден ден по изборите Момироски во емисијата објавена во јануари открил државни и службени тајни.
Агенцијата за разузнавање, нејзиниот директор и претседателот Пендаровски под чија командата е оваа безбедносна служба невообичаено и од досега непознати причини чекале долго време за да се пресметаат со Момироски.
Според тоа што беше објавено досега кривичната пријава која може да донесе десетици години затвор за Момироски е поднесена дури 9 месеци откако новинарот ги објавил индициите за криминал во Агенцијата за разузнавање.
Во моментов, по минатотонеделниот распит во обвинителството на кој беа повикани Момироски и Драган Милосављевиќ а на која Момироски изјавил дека е единствен автор на емисијата обвинителството го тргнало Милосављевиќ од предметот но се уште нема одлука дали ќе покрене обвинение за кривичната пријава поднесена од или со дозвола на Шефот на државата Пендаровски.
Горан Момироски е новинар на емисијата Заспиј ако можеш на Алфа ТВ која минатата недела беше цел на различни државни институции и обвинителството а повеќе од две години од СДСМ е од обвинувана дека е антидржавен елемент.
Кривичната пријава можела да биде поднесена уште во јануари но Пендаровски и Муслиу нешто чекале.
Во Центар не се споменува новинарот директно ниту се споменува зошто тие бараат Момироски да заврши долги години во затвор но индиректно открива дека новинарот кој според Ефтов е дел од некаква групација која води војна со власта, на некаков начин е пречка за планот на шефот на државата по заминување на Заев да стане претседател на СДСМ а Муслиу министер за внатрешни работи.
Она што досега не беше познато а меѓу редови може да се открие од емисијата на Ефтов е дека кривичната пријава поднесена на ден по поразот на локални избори против Момировски се должи на влошените можности дека Пендаровски може да стане лидер на СДСМ по заминување од претседателската функција каде поради повеќе причини нема да може да остане по крајот на првиот мандат.
Што кажува меѓу редови Ефтов во најновата негова емисија според која во моментов во СДСМ се случува судир на најмалку две фракции.
Целата емисија на Ефтов на Јутјуб






