Шведската крајбрежна стража откри уште едно истекување на гас од гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“.
Ова го објави весникот Свенска дагбладет, повикувајќи се на претставник на одделот, пренесува ТАСС.
Според соопштението, од четирите протекувања, две се во шведската ексклузивна економска зона (ЕЕЗ), а другите две се во данската ЕЕЗ.
Како што беше претходно објавено, за неколку часа во понеделникот беа откриени три истекувања во Северен тек 1 и Северен тек 2.







