Со избивањето на пандемијата со коронавирус, во првиот бран работните места ги губат младите мајки кои мора да седат дома и да ги чуваат своите мали деца, пишува порталот СакамДаКажам, бидејќи градинките и училиштата не работат.
Млада работничка од Штип, мајка на 3 мали деца, до Здружението на текстилни, кожарски и чевларски работници „Гласен текстилец“ поднела претставка дека газдата на конфекцијата во која работи првин од неа сакал да се отараси, уште на почетокот на епидемијата. Жената ги користела владините мерки за ослободување од работа на еден родител за чување на деца до 10 години.
Работничката имала договор на определено време, кој ѝ завршувал на 27 март 2020, но сопственикот на конфекцијата ја одјавил самоиницијативно 10 дена порано…





