Поради загинувањето на младо момче во сообраќајна несреќа синоќа по полноќ, градоначалникот на општина Вевчани соопшти дека се откажува забавниот дел од карневалот.



„ Трагедијата што се случи сношти во Вевчани, сообраќајна несреќа, погина млад член на Вевчани, жител на Вевчани. Улиците на 13 јануари никогаш не биле во ваква состојба. Вевчани сме мало место, сите сме како една фамилија. Вакви немили настани нѐ потресуваат. Вечерашниот концерт е откажан“ рече Кочовски.

Градоначалникот на Вевчани рече дека дефилето ќе се одржи во некоја минимална форма.

Според информациите од Вевчани, загинатиот во несреќата е синот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски.