Откажан Вевчанскиот карневал

Општина Вевчани ги откажува сите настани поврзани со традиционалниот карневал кој, поради коронавирусот ќе се одбележи симболично со прослава на Василичарите но со почитување на безбедносните протоколи.



Од Општинатата, исто така апелираатоваа година тие сами да се воздржат од масовен собир и дефиле на сред село на 13 и 14 јануари. 

Вевчанскиот карневал се смета за еден од најстарите – извори сведочат дека карневалот е стар најмалку 1.460 години.

Секоја година настанот е масовно посетуван и има интерес за учество на маски од цела држава па и од соседството.