Откажан рускиот концерт во Македонска опера и Балет

Се одложува Концертот насловен „ Руски Романси“, најавен за вечерва во фоајето на НОБ, објави на официјалниот фејсбук-профил на Министерството за култура.



Најавата на концертот предизвика негативни реакции во јавноста.

„И уметноста е порака, затоа никој не смее да дозволи таа да биде извалкана. Убавите романси нека останат за подобри времиња, времиња во кои повторно ќе владее мирот, нема да има жртви и никој нема да се чувствува загрозен или под закана“, стои во објавата.