Дојава за поставена бомба утрово ги откажа сите летови од Меѓународниот аеродром во Скопје. Веднаш по добиената закана започнала евакуација на персоналот и на патниците од аеродромската зграда.
Над 50 основни и средни училишта во Скопје и Куманово вчера беа мети на закани по електорнски пат за поставени експлозивни направи. Меѓу нив, 17 основни и 22 средни училишта од главниот град, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).







