Откако Заев ги нарече измамници, “пранкерите” му вратија: ,,До мозокот е”

Откако вчера премиерот Заев ги нарече измамници кои имаат за цел да ја спречат Македонија да влезе во НАТО, денеска одговор од руските “Пранкери” кои три пати разговарале со Заев кој мислејќи дека се Столтенберг и Порошенко откривал разни информации од државен интерес.



На објавата на Заев кој најави дека за да се спречат слични работи во иднина ќе бидат зајакнати протоколите за безбедни комуникации, а Владата во соработка со партнетите од НАТО ќе изработи план за борба против акции за дезинформирање и манипулирање, руските шегаџии со одговор дека проблемот не е во лошата комуникација туку во мозокот на македонскиот премиер.

“Како тој ќе ја поправи неговата комуникација? Можеби ќе го апдејтира својот телефон. Нема потреба да ја подобрува комуникацијата туку мозокот”, вели во реакцијата до својата жртва еден од руските „пранкери“ Владимир Кузенцов (Вован).

Заедно со Алексеј Столаров (Лексус), тие лажно на Заев му се претставиле како поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

За кратко време тие дури три пати разговарале со Заев и да не објавеа самите прашање е дали Заев и владата ќе ја откриеа измамата.