Откако пред два дена не дојде во Собрание заради здравјето, Димитров во ТВ-студио

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров брзо се „престраши“ по ескивирањето на Собранието од (превентивни) здравствени причини, па само два дена подоцна се појави на – ТВ.



„Во услови кога деновите ми се важни и треба да бидам негативен за да си ја работам работата, немам намера да си го загрозувам моето и здравјето на другите. Толку околу ‘шокираноста’ што не сум се појавил“, беше објаснувањето од ексминистерот за надворешни работи, кој беше гостин во „Само интервју“ на Канал 5.

Ниту Димитров, ниту некој од власта дојде на собраниската Комисија за надворешна политика во средата, на која требаше да се договори заеднички став за условувањето од Бугарија за Европската унија, на предлог од опозицијата.