Откако почина 47-годишната жена, мажот што јадел од зелникот со праз е стабилен, но дилемата е како отровот се нашол во јадењето?!

Голема семејна трагедија отвори равенка со многу непознати, откако трочлено семејство од Скопје, сопруг, сопруга и баба, се затруле со отров „метомил“ или попознат како „Ланате“ откако јаделе домашно подготвена пита со праз. Мажот што јадел од зелникот со праз е во стабилна состојба, а жената и натаму е во кома и лежи на Карил, откако почина 47-годишната жена, која ја изгубила битката за живот поради труење со „метомил“ пестицид. Од Токсикологија ги потврдија овие информации и велат дека овој отров бил премногу јак и во прашање се доведува животот на луѓето. Засега е непознато како отровот завршил во јадењето.



Денеска ќе се врши обдукција на телото на 47-годишната скопјанка. Од Обвинителството и МВР велат дека се подигнати доказни материјали за вештачење и дека се работело на расчистување на случајот.

Лекарите велат дека овој отров е строго забранет во земјите од ЕУ, и истиот е забранет во Македонија. Како и каде се продавал кај нас, треба да кажат други институции, велат докторите.

Инаку, жената заедно со својот сопруг и свекрва со кој живееле во ист дом во општина Кисела вода, јаделе домашна пита во дворот, по што комшијата ги видел како лежат на земја и притрчал да помогне.

Близок член на семејството во изјава за „Фокус“, рекол дека се работело за ненамерна грешка, односно отров кој го чувале против глувци. Најверојатно, во питата жената наместо брашно, ставила од отровот, зашто истиот бил претурен во тегла. После јадењето, сите почнале да се гушат, а жената доживела срцев удар.