Откако Петков ја врати Македонија во парламентот, можно ново владеачко мнозинство во Бугарија

Неколку дена откако премиерот Кирил Петков рече дека финалната одлука за Македонија ќе мора да биде донесена од страна на бугарското собрание, во парламентот во Софија се случува дебата за ново парламентарно мнозинство.



Според Бугарските медиуми меѓу 120 и 124 пратеници од редовите на ГЕРБ, ДПС, Има Таков народ и Возраждане се за промена на спикерот на парламентот Никола Минчев кој е член на партијата на премиерот Петков.

Една од главните теми во дебатата е и Македонија за која паѓаат тешки зборови, меѓу другото дека почеток на преговори за Македонија во ЕУ значи бугарско национално предавство.

Ако сите 120 до 124 пратеници кои најавиле дека ќе гласаат против владиното мнозинство го дадат својот глас тогаш извесно е паѓање на владата на Петков и брзи избори во Бугарија.

Бугарскиот парламент има 240 пратеници.

Петков баш денеска треба да го поднесе предлогот на Макрон за кревање на ветото кон Македонија.

Дебатата може да ја следите на овој линк

https://www.standartnews.com/balgariya-politika/124-sreshchu-minchev-glasuvat-ostavkata-mu-na-zhivo-495543.html

Поврзана најнова вест

На денот кога премиерот требаше да го достави францускиот предлог за Македонија

Владата на Петков го загуби парламентарното мнозинството