Откако Оливер Спасовски станал министер Македонија се соочува со драматично зголемување на корупцијата (ИНФОГРАФИКА)

Откако претендентот за кандидат за претседател на Македонија Оливер Спасовски во 2015 година станал министер за внатрешни работи Македонија се соочува со сериозно зголемување на нивото на корупцијата за што тој има најголем дел од одговорноста како шеф на институцијата која треба да гони корумпирани политичари.



Во интервју на Спасовски за Top-news.mk кое тој го објавува на веб сајтот на МВР, што може да е злоупотреба на ресурсите на полицијата за лична политичка корист, министерот се фали со успех во борбата против корупцијата без да прознае дека откако тој е на чело на МВР дошло до огромен скок на оваа негативна појава во Македонија.

На прашањето кои се акциите и мерките на МВР во однос на борбата против организираниот криминал и корупцијата кои се споменуваат во секој меѓународен извештај за Македонија и што прават МВР и тој како министер, Спасовски се фали дека имало напредок на листата на Транспаренси Интернешнл за последниве две години.

Но ако се земе периодот од последниве 20 години ќе се види дека од годината кога Спасовски го презел МВР, најпрвин како технички а потоа и како политички министер, корупцијата во Македонија драматично се зголемила.

Дури и споредбата на периодот од 2016 година со последните две години со кои се фали Спасовски покажува драматично зголемена корупција.

,,Денес, институциите функционираат со полн капацитет, но од друга страна, задоволен сум и од промената на свеста кај граѓаните, со тоа што сѐ поголем број граѓани се одважуваат да пријават корупција, што директно имплицира дека расте довербата во полицијата. Ова е заедничка борба, сите заедно мора да се вклучиме и да застанеме одлучно на патот на корупцијата, а со цел да имаме подобра држава.

Тука би го споменал Индексот на корупција за 2021 според Транспаренси Интернешнл, во кој Република Северна Македонија забележа скок од 111. место на 87. место, а во најновиот таков извештај државата e рангирана на 85. место меѓу 180 земји во светот според Индексот на корупција за 2022. А она што би сакал уште еднаш да го потенцирам – одговорноста ќе ги стигне сите, и оние кои поткупуваат и оние поткупените”, вели Спасовски кој не кажува како од 65 место за 5 години негов мандат Македонија дојде на 111 место на најкорумпираните држави на светот.