Откако не успеа да го продаде, „ЕСМ“ се спои со „ТЕЦ Неготино“

Државните Елекратни се споија со термоелектраната на мазут ТЕЦ Неготино во спогодба на присоединување на трговски друштва што ја иницираше Владата, пишува Фактор. Претходно ТЕЦ Неготино работеше како засебен субјект во владина сопственост. Претходно, на крајот од 2022, Владата ја задолжи Електрани на Македонија да почне постапка за изработка на физибилити студија за јавно-приватно партнерство или за продажба на ТЕЦ Неготино. Проценка на неговата вредност направи и Бирото за судски вештачења, но идејата за приватно менаџирање на мазутарата која претходно работеше како ладна резерва не се реализира.



Пазарните цени на електричната енергија на регионалните берзи и домашниот континуиран недостиг на домашна струја од термоблоковите на РЕК Битола на голема врата го вратија во игра заборавениот и по многумина отпишан ТЕЦ „Неготино“.

Владата со доаѓањето на енергетската криза на крајот од 2021 му даде дозвола на ЕСМ да го ангажира ТЕЦ-от, да му го плаќа мазутот и да му ја превзема произведената струја. МЕПСО му ги плаќаше трошоците за плати на повеќе од 200 вработени и одржување на постројките и за тоа издвојуваше над 3 милиони евра годишно. Подоцна, Државниот завод за ревизија утврди дека овие пари биле исплаќани за ТЕЦ Неготино да биде подготвен за вонредно вклучување во секое време, но тоа не се случило кога настапила енергетската криза.

ТЕЦ Неготино е најмaлата и најмалку користена термоцентрала во Македонија. Според официјални достапни податоци од 1995 година до 2008 година произвела вкупно 1.385 гигаватчасови струја (за да биде појасно тоа е количина што само еден блок на РЕК во добрите денови ја произведувал за само една година). Последната година, пред повторно да биде рестартиран, во која ТЕЦ Неготино работеше на потребите на електроенергетскиот систем е 2008 -та кога е ангажиран во месеците јануари и февруари. Повеќе на Фактор.мк.