Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, на социјалната мрежа фејсбук објави фотографина од армијата, до која напиша: “Вака ја личи Армијата – со нови униформи. Честитки!”



Денеска во касарната “Илинден” беа промовирани новите униформи за над 9 илјади припадници на АРМ.

„Покрај набавка на нови униформи ветив  пред вас и повисоки плати. Платите во Армијата растеа  три пати. Растеа сите приходи на сите припадници. Ветив 7.000 денари станарина, денеска сите оние кои што ги исполнуваат условите примаат станарина повисока од 8.000 денари, секој месец. Денеска платата и приходите на припадниците на Армијата се зголемени помеѓу 50 и 60 проценти, набавивме и нови инженериски машини, нарачавме нови оклопни возила“, истакна Шекеринска честитајќи им на припадниците на Армијата.