Градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски, повлече нога со личната донација – батериска прскалка, па општината обезбедила и тракторска за дезинфекција на улиците против коронавирус.



„За подобро справување со пандемијата на вирусот Ковид-19, а по препораките и задолжувањата на Владата и на Централниот кризен штаб, Општина Вевчани набави тракторска прскалка за поефикасно и побрзо дезинфицирање на улиците во Вевчани. Истата веќе од утре ќе биде ставена во функција од страна на ЈП ‘Еремја’ – Вевачни, а по претходно изготвен оперативен план за дезинфекција од страна на Општина Вевчани.
Вие останете дома и почитувајте ги насоките на Владата, а ние сме тука да се вклучиме во борбата со корона вирусот“, порача градскиот татко на најмалубројната општина во Македонија.