Обвинителството ја отфрли кривичната пријава против градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети за дивите платформи на Матка.
Иницијативата за кривичен прогон ја иницираше Антикорупциската комисија поради сомневањата дека Беџети свесно и намерно не презел ништо за да го утврди правниот статус на бесправно изградените платформи.
Сепак, обвинителот утврдил дека во постапувањето на Беџети нема елементи на кривично дело, дознава Алсат М.




