Отец Партениј од Бигорскиот манастир хиротонисан во владика на МПЦ-ОА

Архимандритот Партениј, игумен на манастирот „Свети Јован Бигорски“, на Петровден е востоличен во викарен епископ антаниски на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.



Свечената церемонија, во која учествуваше и архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, се одржа во храмот „Света Софија“ во Охрид.

Отец Партениј на 21 мај беше избран за нов митрополит на МПЦ-ОА, со што Бигорскиот манастир стана епископско седиште.

„Да се биде епископ значи да се биде прв не во превласта, не во некакви привилегии, туку во одговорноста и во служењето на другите за добро“, рече тој во пристапната беседа.

„Чувствувајќи ја пристапната беседа како своевидна исповест и како совевидна платформа, пред вас ќе ја доверам и јавно ќе ја исповедам мојата неприкосновена предаденост кон мојот македонски народ и кон мојата татковина Македонија, а најмногу кон мојата Македонска православна црква – Охридска архиепископија, мајката-црква на сите православни во нашата држава, на кои како монах веќе 25 години безрезервно и сеоддајно им служам“, додаде тој.