Претседателот на Собранието, Талат Џафери попладнево добил известувања од осумтемина опозициски пратеници дека ќе настапуваат како независни во парлементот.
До собраниската архива официјално бил доставен и акт дека тие ќе формираат нова пратеничка група.
Според информациите на МИА, најверојатно координатор на новата пратеничка група, ќе биде поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска,
Освен Канческа-Милевска во пратеничката група која поддржува уставни измени ќе бидат и пратениците Емилија Александрова, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Зеќир Рамчиловиќ и Нола Исмаиловска Старова, кои а исклучени од ВМРО-ДПМНЕ, а на нив им се приклучува и пратеничката на Социјалистичката партија, Владанка Авировиќ.





