Најмалку 8 лица биле убиени од непознати напаѓачи во германскиот град Ханау во провинцијата Хесе, на околу 20 километри од Франкфурт на Мајна, пренесуваат германски медиуми.
Полицијата соопшти дека уште најмалку пет лица се сериозно повредени.
Очевидци известуваат дека непознати лица отвориле оган во два барови: најпрво 3 лица биле застрелани во бар во центарот на градот, по што напаѓачите побегнале, за кратко потоа да нападнат во друг бар.
Сведоците велат дека напаѓач влегол во објектот и почнал да пука при што убил пет лица, претежно млади луѓе, меѓу кои и една жена.
Полицијата трага по напаѓачите, чиј број не е познат. Не е познат ни мотивот на крвавите напади.





