Најмалку 8 мртви и 13 повредени од кои седуммина се во критична состојба, меѓу повредените има и деца – ова е околу 3 часот утринава, на 5 мај 2023 досегашниот, моментен биланс од страотната трагедија во Младеновац, Србија, и во неговата околина, која министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ ја оквалификува како терористички чин!
Осомничениот за масовните убиства и повредувања е 21-годишниот Урош Блажиќ, чија фотографија штотуку се појави на еден профил на општествената мрежа инстаграм.
Белградски „Курир“ пишува: Нешто по 2 часот по полноќта на еден инстаграм-профил, на која е потпишан Урош Блажиќ, се појави негова фотографија. Засега нема потврда дали тој од непозната локација си направил свој нов инстаграм-профил, или се работи за застрашувачка игра, на некој што го поддржува.
На овој инстаграм-профил, покрај фотографијата на Урош Блажиќ е објавена морничава порака, придружена со музика од филмот „Јужен ветер“: „На кец целам!“ – „На кеца прангијам!“. Ова е напишано со знак на тупаница!
„Курир“ и други српски информативни портали исто така известуваат: Осомничениот за убиствата изминатата ноќ околу 23 часот после караница со пријатели во училишниот двор во местото Дубона, кај Младеновац, отишол дома и ја зел автоматската пушка „калашников“. Се вратил и припукал кон оние, со кои се скарал, а кои воопшто немале поим што ќе им се случи. Потоа, подоцна почнал да пука и во околните места од автомобил во движење, не одбирајќи кои ќе му бидат жртви.
Белградскиот весник „Вечерни новости“ пишува: Убицот е веќе лоциран во соседното село Шепшин. Во потрагата по него и во опколувањето се ангажирани околу 600 припадници на жандармеријата и специјалните полициски дронови. Кренати се во воздух и термовизиски дронови. Полицијата веќе започна преговори со опколениот убиец да се предаде, но тој засега одбива. Наместо да се предаде, Урош Блажиќ неколкупати веќе отворил оган кон полицијата.
Најчитани вести
Снимката со забраната на вицепремиерот за министерот за земјоделие е дел од текстот
Хаос во владината коалиција: Груби не му дозволи на Николовски да проговори на прес конференцијата за Бехтел и Енка (ВИДЕО)





