Во САД е изречена првата затворска казна за учество во немирите во Конгресот на САД, на 6 јануари годинава, пренесува „Нова ТВ“
Обвинетиот Пол Хоџкинс (38) пред судот изјавил дека жали поради направените кривични дела „нанесување штета на зградата на Конгресот“ и „нарушување на функционирањето на членовите на Конгресот“.
Откако се изјасни за виновен и изрази жалење за тоа, Судот одлучи да му ја намали затворската казна од 18 месеци, побарана од обвинителите, по што го осуди на осум месеци затвор.
Изречената казна за Хоџкинс од Флорида може да претставува преседан за приближно 230 приврзаници на Трамп кои беа во притвор за немирите во Конгресот на 6 јануари и чекаат судење по истото обвинение.
Во упадот во амњериканскиот конрес имаше 4 загинати.
Во јуни, обвинета за упад во Капирол Хил доби 500 долари казна и 120 часови општокорисна работа.







