„Косовските власти прво треба да ги признаат пресудите на нашите судови. Потоа, ќе се размислува за тие варијанти. Притоа треба да се комплетира документација, па во координација со МВР и косовските власти да се види дали постои можност за такво нешто“, велат од Кабинетот на министерот за правда Кренар Лога за „Макфакс“.



Затворениците осудени за крвавите настани од Диво Насеље се далеку од префрлање во Косово, за да ги доиздржат затворските казни. И по еден месец, нивните барања до Министерството за правда не се докомплетирани, за да може да се постапува по истите.

Ќе се префрлаат затворениците за тероризам од „Диво насеље“ во затворите во Косово, поради „физичка тортура врз нив во Идризово“

Од 29 осудени, седуммина се со казни доживотен затвор, 13 казни затвор од 40 години и други пониски казни.

Осудените 28 часа пукаа на македонската полиција во Куманово, а судот ги осуди на вкупно 746 години затвор. Обвинети се за тероризам за настаните во Куманово од 9 до 10 мај 2015 година, во кои загинаа осум полицајци.