Осуден македонски државјанин за кражби во Грција уапсен на Ѓуешево

Македонскиот државјанин Р.К. е приведен на 27 март околу 14:30 часот на граничниот премин Ѓуешево при обид за влез во Бугарија со автомобил.



При проверка на неговите документи за идентификација е утврдено дека за мажот е распишана меѓународна потерница од судските органи на Грција и тој бил уапсен.

Р.К. е осуден во Грција на седум години затвор поради кражби во туѓи објекти меѓу 5 мај 2004 година и 26 јуни 2005 година во содејство со други лица, а по претходен договор со нив.

Во Окружно обвинителство во Ќустендил е формиран предмет во врска со добиените материјали за приведување на државјанинот на Македонија.