Осуда на синоќешниот напад врз екипата на Ал Џезира

Агенцијата за аудио и аудиовиозуелни медиумски услуги го осудува нападот на новинарската екипа на Ал Џазира на вчерашниот протест во Скопје и потсетува дека ваквите појави претставуваат загрозување на слободата на изразување и на правото на информирање на јавноста.



„На медиумите треба да им се обезбедат услови за професионално работење и медиумските работници во ниту еден момент не смеат да бидат попречени во вршењето на своите работни задачи“, велат од АВМУ.

И Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) како и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) преку соопштение го осудуваат нападот врз новинарката Милка Смилевска и снимателот Јорде Ангеловиќ од медиумот Ал Џaзира и бараат од Министерството за внатрешни работи (МВР) да го санкционира напаѓачот за што има и јавно достапна снимка од настанот.