Соработниците на директорката на Националната агенција за европско образование и мобилност Лидија Димова ја остварија заканата испорачана во текот на денот.
Вечерва на социјалните мрежи се објавени документи од кои се гледа дека директорот на Кавадаречкото средно земјоделско училиште кој е активист на СДСМ а неговиот брат пратеник на СДСМ добил уште еден спорен проект.
Висината на проектот е поголем од тој за тренинг на магариња.
За проект поврзан со правење сирење и туризам Лидија Димова финансирала над 125 илјади евра.
Во Македонија и во регионот има мајстори за правење сирење кои работат за стотина евра дневно како и туристички експерти кои работата можеле да ја завршат за неколку дена за минимални средства, далеку помали од тие што ги платила Димова.
Проектот за сирење бил даден во време кога директорот со магарињата имал брат пратеник што ја отвара вратата за истрага за конфликт на интереси и корупција од Јавното обвинителство и Антикорупциската комисија.
По грантот за МАГАРЕТО, Горан Велковски брат на пратеник на @SDSMakedonija, добил грант од 125.068€ за ОБУКА за правење СИРЕЊЕ.
–
* Што врска има ВЕТЕРИНАРНА станица – Делчево со производство на сирење во Кавадарци ?
* Колку млекари има во Кавадарци за развој на туризам со 🧀? pic.twitter.com/7PuLBIVewP— Демир (@Trollowsky) October 14, 2020






