Министерот за правда на Кипар, Јонас Николау денеска поднесе оставка по средбата со претседателот Никос Анастасиадис.
За утре оставка најави и началникот на полицијата на Кипар.
Оставките доаѓаат по откривањето на серискиот убиец, офицерот Никос Метаксас, кој призна убиство на десетина жени и девојчиња.
Властите стравуваат дека бројот на неговите жртви би можел да достигне цифра од дури 30 жени. Сите жртви биле странски државјанки.





