Оставката од функција пратеник што пред два дена ја доставил екс-премиерот Никола Груевски била напишана – на унгарски јазик.
Како што дознава Expres.mk, таа била испратена заедно со нотарски акт и е дадена на службен преведувач.
Се очекува оставката да биде разгледана в понеделник на координацијата на претседателот на Собранието, Талат Џафери со пратеничките групи и тие да донесат одлука дали ќе биде ставена на дневен ред на првата наредната седница закажана за вторник.




