Претставници на граѓанските организации членки на Платформата доставија и официјално писмено барање за оставка на републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески до Јавното обвинителство на Република Македонија, во врска со пожарот во тетовската модуларна болница каде 14 лица го загубија својот живот.
Платформата денеска соопштија дека од изведеното во документарецот „Убиство во Тетово“, истрагата на Јавното обвинителство за случајот не е целосна и не ги цени доволно заклучоците изнесени во службената експертиза на германските експерти.
Сметаат дека поради тоа, во јавноста се разгоруваат сомнежи за непрофесионално постапување на обвинителството и занемарување на околности кои можат да ги прошират обвиненијата и да инкриминираат други лица, велат од Платформата
Тие негодув аат и зошто Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција сѐ уште ги истражува наводите за корупција при спроведувањето на јавните набавки во случајот и покрај тоа што веќе е пречекорен рокот…







