Пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ денеска од пред Собрание му порача на премиерот Зоран Заев да не се мисли и прв да го смете Павле Богоевски од пратеничката функција по скандалот со објавената аудиоснимка, а која тој самиот рече дека се работело за канабис за медицински цели.
Стојановска пред звградата на Собранието остави метла и го повика Богоевски да застане на страната на правдата и да си даде оставка од функцијата затоа што признал дека извршил кривично дело, пренесе Макфакс.





