Деновиве во невообичаена политичко-спортска порака премиерот Заев ги зовре страстите кога изјави дека фудбалските репрезентативци побарале средба со него, но таа била забранета од претседателот на Фудбалската федерација, Сејдини.
Премиерот не се согласи со забраната од ФФМ, по што најави дека сепак ќе се сретне со репрезентативците во зградата на Владата.
Expres.mk разговараше со неколку блиски луѓе на репрезентативците кои тврдат дека не чуле за такво барање за средба со Заев од страна на играчите на националниот фудбалски тим или ако воопшто има се работи за некој поединец кој со Владата можеби комуницира надвор од официјалните канали на репрезентацијата.
Вистината е дека репрезентативците апелираат сите политичари да се воздржат од споменување на националниот тим во пресрет на Европското првенство кое почнува за десет дена со цел да не ја вознемируваат националната селекција пред историскиот турнир.
„Судирот меѓу премиерот и претседателот на ФФМ или какви било други судири околу репрезентацијата треба да се решаваат по ЕП, а сега сите треба да се воздржат од спектакл за играчите и да се фокусираат на најголемиот предизвик. Оставете нè намира да играме за Македонија, по ЕП кој сака нека се гледа со кого сака“, е пренесената порака од еден од клучните фудбалери, кој инсистира веднаш да прекинат директните споменувања и индиректните вознемирувања на фудбалерите од страна на политичари.
Претходно, премиерот Заев влезе во конфликт со претседателот на ФФМ и се пожали дека од него не му била дозволена средба со репрезентативците, тврдејќи дека тие барале да се сретнат со него.
„Фудбалерите ме поканија да се сретнеме и јас со задоволство прифатив, но председателот на ФФМ, господинот Сејдини, не дозволи средба, ниту во просториите на Федерацијата, ниту во ресторан. Сепак, јас и фудбалерите деновиве ќе се сретнеме и веќе ги поканив таа средба да биде во Владата. Јас немам ништо против Сејдини, но тој треба да ги почитува законите, кој и како избира раководство на Федерацијата и затоа пред некој ден изјавив дека фудбалската федерација е заробена од актуелниот претседател. Не може раководството да го бираат делегати од општински фудбалски сојузи (ОФС), а да не го прават тоа членовите на фудбалските клубови. Јас само упатив апел челниците од ФФМ да го почитуваат Законот, а не да работат на своја рака. Лично, немам ништо против Мети, ниту го сакам неговото место, ниту имам некој свој за таа позиција. Едноставно, еве и од овде повикувам да се почитуваат законите“, рекол премиерот Заев, пренесоа повеќе медиуми.
Европското првенство почнува на 11 јуни, а Македонија првиот меч го игра на 13 јуни
И директорот на Агенцијата за спорт и млади, Наумче Мојсоски, се жали за премиерот:
Партискиот функционер во одбрана на премиерот
Директорот на АМС се жали на забраната на ФФМ за средба Заев – Фудбалери






