Остар напад од „ветераните на УЧК“ од Косово до Курти: Внесе раскол меѓу Албанците во Прешевската Долина, сега и меѓу Албанците од „Р*М“!

„Фатон Клинаку, вршителот на должноста претседател на Организацијата на ветераните од војната – УЧК од Косово, го обвини премиерот на Косово Албин Курти дека внесува раскол меѓу Албанците од Балканот и оти со својата посета на * Македонија ќе го стори истото тоа и меѓу тамошните Албанци.“ – објави весникот „Метро“ од Приштина во својата информација со наслов „Клинаку до Курти: Внесе раскол меѓу Албанците од Прешевската Долина, сега сакаш да го го сториш истото и меѓу Албанците од Македонија“. „Метро“ ја пренесе објавата на Клинаку на неговиот фејсбик-профил.



„Метро“ пишува: Клинаку рече дека претседателот на Владата на Косово Курти, по поделбата меѓу политичкиот чинител во Прешевската долина, сака да направи раскол и меѓу Албанците во * Македонија со својата тамошна посета. На својот фејсбук-профил Клинаку му напиша на Курти и дека Адем Демаќи бил разочаран од него.

„Фатон Клинаку напиша на фејсбук: ‘Адем Демаќи беше разочаран од тебе, Албин Курти. Ти внесе раскол меѓу албанскиот политички фактор во Прешево, Медвеѓа и Бујановац. Отиде во Чаир, Скопје, но сигурен сум дека ќе го поделиш албанскиот политички чинител и во * Македонија. Се додека имаш хипнотизирани луѓе, терај, добро ќе ти врви.“

Инаку, вчера за време на посетата на претседателот на Косово и лидер на тамошната владејачка партија „Ветвендосје“ („Самоопределување) беше видно дека меѓу првите во „одборот за неговиот дочек“ беа лидерот на опозициската Беса и градоначалник на Тетово Билал Касами, Изет Меџити, лидерот на новосоздадената партија Демократско движење, и Африм Гаши, лидерот на Алтернатива. Курти немаше официјална средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети, ниту со Арбен Таравари, лидерот на втората владина партија Алијансата за Албанците