Осомничениот за убиството на Вања избегал од Македонија заедно со неговиот адвокат, изјави на денешната прес конференција министерот Оливер Спасовски.



„Лицето е заминато со возило заедно со неговиот адвокат и заминато во Белград. Од таму заминува во Бугарија следниот ден и понатаму ќе ги утврдиме сите аспекти“, додаде Спасовски.

Според министерот, главниот организатор и извршител, според досегашните утврдени докази, некаде околу 10 часот ја усмртил исплашен од доказите до кои може да дојде полицијата на веќе започната истрага по првата пријава за исчезнувањето на 14-годишното девојче.

Обвинителот Гаврил Бубевски не можеше да потврди или да негира дали осомничениот за убиството има бугарски пасош.