Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ го поздравува зголемувањето на минималната плата вона 20.100 денари и истовремено потсетува дека основната плата на полицаец во моментов е ни помалку ни повеќе туку 15.000 денари.
„Затоа како Синдикат бараме уште од месец април 2023 година:
платите на сите вработени во МВР да се зголемат за 10%,
од месец април 2023 година да се вратат законските 32 часови месечна работа подолга од полното работно време за сите вработени.
Зголемувањето на платите за 10% почнувајќи од месец април 2023 година го бараме и предлагаме да биде од буџетот на Министерството за внатрешни работи за што сметаме дека МВР е способно да ги покачи платите од својот буџет.
Да направиме/те од професијата „Полицаец“ една професија која ќе биде вреднувана во општеството а посебно во нашата држава“!
Враќање на професионализмот во полицијата!“ порачуваат од СПМ.
Извор: Либертас






