Основците од денеска без маски, а средношколците???

Комисијата за заразни болести на денешната седница одлучи да предложи до Владата и до Главниот кризен штаб и учениците во средните школи да не носат маска по примерот на основците, потврдуваат извори од Комисијата за Слободен печат.



Оваа одлука доаѓа во пресрет на пролетните денови и зголемените температури, а основа за него е и стабилната епидемиолошка состојба која со недели владее во државата.

Не е исклучено Комисијата да предложи и други рестриктивни мерки да бидат отстранети.