„Продукцијата „Меденица“ ДООЕЛ увоз – извоз Скопје на конкурсот за средства од Министерство за култура, добила 1,7 милион денари. Според податоците од Централниот регистар, продукцијата била формирана лани на 27 септември, а конкурсот на Министерството беше распишан на 29 септември, што значи дека фирмата е основана два дена пред отворањето на конкурсот“, дознава „Макфакс“.Оваа фирма добила пари за два проекта, но за три ставки.



Редакцијата на агенцијата направила истражување од кое, меѓу другото се констатира дека „на шест пријавени фирми на скандалозниот конкурс за проекти од национален интерес во културата за 2019 година, во делот за музичко-сценска дејност една како по правило е од Тетово.

Само фирмите од Тетово, дознава „Макфакс“ кои претежно аплицирале за организации на концерти и фестивали на годинешниот конкурс, добиле над 8 милиони денари или 133 илјади евра.

Со тоа фирмите од Скопје и Тетово се на врвот на листата кои добиле најмногу проекти од годинешниот конкурс за проекти од национален интерес во културата, пишува Макфакс