Основач на ДУИ бара да не се лее албанска крв

Поранешниот потпретседател и еден од основачите на ДУИ, Назми Беќири, на својот фејсбук профил  ја статус каде како што вели ја објаснува целата ситуација за убиството во Тетово.



Екс пратеникот во обраќање до јавноста вели:

За овој тажен настан ДУИ, пуштиле соопштение дека овој случај немал никаква врска со нив .

Логично дека партијата не се борела, но нејзините луѓе да. Бидејќи двете страни се членови на ДУИ, а недоразбирањата на двете спротиставени страни ги знаееле сите. Дури и на листата што ја предложи лидерот на партијата, за членови на претседателството на огранокот имаше членови од двете семејства кои настрадале. Не знам кој ја предложил таа листа, но овој предлог не е случаен, пишува Беќири.  

Поради овој случај предложив состанокот да биде одложен за да се поработи на помирување на членовите кои не разговараат меѓу себе. Ги споменав и настаните што сите ги знаеја. Дека се назначувале претседатели , потоа си давале оставки, имале конфликти и расправии и за жал и убиства, пишува во статусот на Беќири. Не очекував да се продолжи повторно исто. Но по овој говор лидерот  го стави на гласање предлогот. Тој беше изгласан, но на лицата на дел од членовите беше јасно дека го изиграа Назми.  Страшно е што лидерот застана на страната на конфликтот.  Откако пристигнав дома им се јавив на луѓе од доверба и побарав од раководството на партијата да помогнат, да ја смират ситуацијата, но тие порачаа дека не можат. Не можам да разберам бидејќи само јас бев единствениот што бараше помирување на луѓето од истото раководство.  

 Значи, вие кои се избравте за членови на претседателството на огранокот без основа, вие кои ги предложивте овие и начинот на оваа работа, вие кои не послушавте, вие кои гласавте, интервенирајте за смирување и зближување на овие две засегнати семејства, или ќе продолжам да го барам стенограмот на мојот говор.  Во спротивно нема да запрете  пролевањето на нашата крв.  Доста со мафијашки дела, бидејќи нашата крв се пролева, на невините луѓе од Куманово, се вели во статусот на Беќири.