„Имаме стратегија, знаеме што правиме. Ги имаме црвените линии на бранење на нашите национални и државни интереси и цврсто стојам на бранење на тие интереси“, изјави шефот на македонска дипломатија Бујар Османи во врска со атакот од Софија и најавите дека соседна Бугарија ќе ја блокира Македонија во РУ.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека бугарскиот меморандум до земјите членки на ЕУ, со којшто Бугарија најавува дека може да ја блокира интеграцијата на Македонија во ЕУ, отстапува од рамката, односно принципите на кои се заснова Договорот за добрососедство со Бугарија.
Османи вели дека изминатите денови имал разговор со неговата бугарска колешка, Екатерина Захариева и договориле дека разликите ќе ги стават во рамката, ќе ги интензивираат комуникациите на највисоко можно ниво, а комиисиите ќе продолжат со работа за да ги утврдат историските факти.






