Османи „загрижен оти на македонските олигарси и политичари им пречи политичката позиција на Албанците, кои ги кршат монополите во државата“

Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ Бујар Османи изрази „загриженост, поради некои средби на одредени македонски олигарси и политичари, на кои им пречи сегашната политичка позиција на Албанците во * Македонија.“. Овој став Османи го изнесе во емисијата „Клан дебата“ на телевизијата на албански јазик Клан Македонија



Клан Македонија пишува: „Ова почна пред една година, ова собирање на оваа клика на политичари и олигарси, кои, загрижени од динамиката во државата, тврдат дека Албанците ја преземаат контролата врз важните процеси во државата и на овој начин доминираат. Вистината е сосема поинаква. Вистината е дека Албанците го кршат монополот создаден со децении и почнуваат да се етаблираат во општествените процеси. Во онаа мера колку што е нивниот удел. Но, демонополизацијата е секогаш болен процес.“ – изјави, покрај другото Бујар Османи.