Клучно за бугарите во преговорите е да се впише бугарското малцинство во македонскиот устав, за македонците пак идентитетските прашања. Признавањето на бугарското малцинство, различно од македонското мнозинство е правиот пат за преговорите, истакна шефот на дипломатијата, Бујар Османи, пренесе ТВ24.
За Македонците во Бугарија истакна дека Македонија не може да застане зад нив и не можат да се мешаат во бугарскиот Устав, поради договорот во 1999 година на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА.
„Тие се бугарски државјани и бугарската држава треба да застане зад нив, како што само оваа држава може да застане зад мене. Ние немаме право да застанеме зад граѓани кои не се наши државјани, тоа значи Албанија да застане зад Албанците тука или Турција зад Турците овде“, изјави Бујар Османи. ТВ24
Османи реќедека негова крајна цел е „оваа држава да стене еворпска држава, да ги нормализира односите со соседите и да го зачува тоа што е најважно за граѓаните“,
Според министерот, во делувањето повеќе е потребна мудрост, отколку емоции.
„Оваа работа или ќе ја водите со глава или со срце. Со срце можеби ќе ви донесе некаква попоуларност во моментот, но на крајот нема да не води таму каде што сакаме. Затоа, оваа работа мора да биде со ладна глава и жешко срце, само така ќе може да го надминеме. Но, граѓаните може да бидат спокојни дека нема да дозволиме ништо што е суштински идентитетски за нив да се повреди“, рече Османи.







